Заев и Ахмети попладне ќе се сретнат за министерските места
ДУИ синоќа ги соопшти имињата на нивните министри во новата Влада, а за денеска попладне е закажана средба помеѓу лидерите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети. На средбата ќе бидат разгледани предлозите од ДУИ, но ќе се дискутира и за кандидатите од СДСМ.
Вечерва заседава и Централниот одбор на СДСМ. На состанокот ќе се разговара за владиниот состав, насоките и принципите, а деталите ќе бидат соопштени по завршувањето на состанокот. Се очекува до утре да се знаат идните министри.