Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев и Ахмети апелираат за демократски избори и во втор круг

Заев и Ахмети апелираат за демократски избори и во втор круг

Постојано сме работеле на демократските процеси и затоа посакуваме тие стандарди да се имплементираат и на 29 октомври, затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово, каде што вечерва се одржа митинг.

По митингот, Ахмети на кратко се сретна со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Заев од граѓаните побара да ја поддржат актуелната градоначалничка Теута Арифи, која во вториот круг на локалните избори, што ќе се одржат в недела, се бори за втор мандат.

На новинарско прашање за коалициите на албанските политички партии за вториот круг на локалните избори, Заев рече дека не навлегува во коалициите на партиите иако, како што кажа, „имаат незгодна ситуација со еден од коалиционите партнери“.

„Локалните избори се различни од парламентарните и во тој поглед секој ја сноси својата одговорност. Во првиот круг оставивме граѓаните да си кажат во кој правец ќе се движат работите во Струга и во Гостивар. Во вториот изборен круг, Зијадин Села одлучи да влезе во коалиција со Беса, некаде и со ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа е негово право и тој си носи одговорност и пред своите гласачи“, изјави Заев.

Тој апелираше до граѓаните за слободни, фер и демократски избори и во вториот круг.

„Навистина сум горд, како човек, што за првиот изборен круг покажавме кристално чисти избори, заради тоа што само преку слободни, фер и демократски избори сите победуваме во Република Македонија“, додаде Заев.