Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев го признава само Специјалниот обвинител – Пуч во застој

Заев го признава само Специјалниот обвинител – Пуч во застој

Зоран Заев лидерот на СДСМ посочи дека повеќе нема потреба да се води судската постапка за случајот „Пуч“ туку дека правните обврски треба да ги превземе новото Специјално јавно обвинителство предводено од Катица Јанева. Заев не се појави на третото рочиште со образложение дека ќе продолжи постапката откако предметот ќе биде превземен, а истовремено не можел да присуствува поради средба со италијанскиот амбасадор.

„До овој момент нема никакви промени во надлежностите во врска со овој случајот, а одлука кога ќе го земе предметот треба да одлучи специјалната обвинителка“, образложи пред судот застапникот на обвинението Златко Биковски, откако Судот побара од него да се изјасни за причините за недоаѓањето на Заев.

За „Пуч“ се уште е надлежно јавното обвинителство за организиран кримимал и се уште нема добиено одлука за превземање на предметот, објасни застапникот на обвинителството.