Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев ги услови преговорите во Виена со итно одлагање на изборите и аболицијата

Заев ги услови преговорите во Виена со итно одлагање на изборите и аболицијата


СДСМ постави два клучни услови кои мора да се исполнат за тие да учествуваат на дополнителните преговори закажани за петок во Виена. Зоран Заев побара целосно повлекување на аболицијата од страна на претседателот Иванов која според него е договарана и реализирана заедно со ВМРО-ДПМНЕ, како и итно да се одложат изборите преку Собранието кое мора да се свика повторно иако е распуштено.

Заев истакна дека СДСМ ги исполнила сите обврски од договорот од Пржино со тоа што се вратиле во Собранието, ја прекинале објавата на прислушкуваните разговори кои се целосно предадени на СЈО и учествувала во работата на сите институции се додека владејачката партија не ги покази дадените ветувања.