Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Двајца членови од Владата се под истрага

Заев: Двајца членови од Владата се под истрага

Активно се бориме против корупцијата и не случајно двајца членови на Владата веќе се под истрага, изјави денеска премиерот Зоран Заев на самитот Македонија 2025.

Премиерот Заев денеска рече дека сузбивањето на корупцијата е многу важно прашање за регионот и за Македонија во правец на привлекување на инвестиции.

„Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така може да се овозможат нови инвестиции“, рече Заев на панел дискусијата на тема „Што научивме и како да ги применуваме доаѓањето на инвестициите“ на Самитот Македонија 2025.

Заев рече дека истрагите за двајцата членови на Владата се водат врз основа на јавување на граѓани.

„Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам“, рече Заев.