Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Дури по две години опозицијата ќе може да предложи јавен обвинител

Заев: Дури по две години опозицијата ќе може да предложи јавен обвинител

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата.

– Ќе го дефинирам предлогот како мало лицемерие. Ние ветивме дека по втората година, на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Сега на Македонија ѝ треба да биде исправена пред реформите и најдобриот експерт што можеме да го најдеме дома да биде државен обвинител – рече Заев.

Тој истакна дека новата влада треба да покаже на дело дека навистина е за враќање на правната држава и дека очекува експертско решение за оваа функција.