Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Чавков е директно одговорен и треба да си поднесе оставка и да замине

Заев: Чавков е директно одговорен и треба да си поднесе оставка и да замине

Митко Чавков не само што е директор на Бирото за јавна безбедност туку беше и раководител на Штабот за заштита на Собранието и пратенциите, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев додавајќи дека одговорноста на Чавков е директна и дека веднаш треба да си поднесе оставка и да замине веднаш.

– Полицијата влезе сигурно по 21 и 30. Повеќе од два и пол часа ние бевме овде исправени без каква било полициска заштита, освен неколку луѓе во цивилна облека“ – рече Заев,

Во однос на новиот раководител на кризниот оперативен штаб. Горан Савовски, Заев рече дека не го познава.

– Не знам кој е новиот раководител на. Верувам дека таму професионалците ќе ја преземат работата. Јас го фокусирав, без какви било предрасуди како eден од виновниците, господинот Чавков – рече Заев.