Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Без одлучна акција на ЕУ и САД, улогата на Русија во Македонија ќе се зголемува

Заев: Без одлучна акција на ЕУ и САД, улогата на Русија во Македонија ќе се зголемува

Во интервју за „Euronews“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев предупредува дека без одлучна акција на ЕУ и САД, улогата на Русија во Македонија ќе се засилува.

„Руското влијание веќе се чувствува преку зголеменото кадровско присуство и изјавите на рускиот министер за надворешни работи, како и преку активностите на нивната Амбасада во земјата“, вели Заев.

„Трендот на опаѓачка поддршка за ЕУ и НАТО е видливо меѓу македонските граѓани. Процентот на опаѓање е многу мал, но е видлив“, тврди Заев.

„Верувам дека доколку не се преземат дополнителни мерки, поради намалениот интерес на ЕУ и САД во овој регион, Руската федерација ќе добие уште повеќе простор да ги наметне своите интереси“, додава Заев,