Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗадолженоста на Македонија ја внесе во листата на 22 земји на кои им се заканува банкрот

Задолженоста на Македонија ја внесе во листата на 22 земји на кои им се заканува банкрот

Македонија се најде меѓу земјите на кои им се заканува банкрот поради задолженоста. Листата е формирана од „Jubilee Debt Campaign“, институција која го состави извештајот со помош на Европската унија иако нејзините пораки не ги одразуваат ставовите на Унијата.

За 22-те земји нотирани во извештајот, може да се каже дека веќе се во сериозна должничка криза, а уште 71 од нив наскоро ќе се најдат во истата, предупредуваат од „Jubilee Debt Campaign“. Таа организација ја постави Македонија во првата категорија на земји, односно во оние кои веќе се во сериозна должничка криза. Таквите земји ги карактеризира високо ниво на државни долгови и висок нето надворешен долг (нето долг кон остатокот на светот).

Земји во длабока криза:
1. Ерменија
2. Белизе
3. Костарика
4. Хрватска
5. Кипар
6. Доминиканска Република
7. Салвадор
8. Гамбија
9. Грција
10. Гренада
11. Ирска
12. Јамајка
13. Либан
14. Македонија
15. Маршалските Острови
16. Црна Гора
17. Португалија
18. Шпанија
19. Шри Ланка
20. Сент Винсент и Гренадини
21. Тунис
22. Украина

Земји кои веќе банкротирале:
1. Судан
2. Зимбабве

Земји со ризик од продлабочување на кризата:
1. Буркина Фасо
2. Камбоџа
3. Камерун
4. Централна Африканска Република
5. Чад
6. Брегот на Слоновата Коска
7. Џибути
8. Гвајана
9. Хаити
10. Унгарија
11. Италија
12. Киргистан
13. Латвија
14. Лесото
15. Либерија
16. Литванија
17. Мадагаскар
18. Малдиви
19. Мали
20. Нигер
21. Полска
22. Руанда
23. Србија
24. Сиера Леоне
25. Словачка
26. Свети Луциа
27. Того
28. Тонга
29. Замбија

Земји со висок ризик од продлабочување на кризата:
1. Бутан
2. Зелено’ртска Република
3. Доминика
4. Етиопија
5. Гана
6. Лаос
7. Мавританија
8. Монголија
9. Мозамбик
10. Самоа
11. Сао Томе и Принципе
12. Сенегал
13. Танзанија
14. Уганда