Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеЗаборавете на досадното распакување – набавете си куфер полица

Заборавете на досадното распакување – набавете си куфер полица

Среќни сте што пристигнавте на плажа, но не ви се допаѓа што мора да го трошите времето на распакување. Овој проблем, како и целото распакување и повторно пакување (за кон дома), можете да ги прескокнете со еден иновативен куфер кој со едноставен потег се претвора во полица.
shelfpack-21-600x740
Како што се надевавте, со самото отворање на ShelfPack, добивате полица на 4 ката, а вашата облека е уредно здиплена, потполно достапна и на видик. Отварате, земате што ви треба и инстантно се препуштате на релаксација и уживање.
shelfpack1-600x377
Единствената лоша страна на куферот е цената – за сега, чини 349 долари. Сепак, ако често патувате или ако распакувањето е еден од оние модерни проблеми што дефинитивно ви ги оптоварува нервите, ShelfPack може да се покаже и како поздрава варијанта.