Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЗаборавете на апчиња протв главоболка – вежбањето е лекот

Заборавете на апчиња протв главоболка – вежбањето е лекот

Често имате главоболки и пиете апчиња. Заборавете на апчињата, тајната е во вежбањето. Данскиот научник Бјарне Мадсен докажал дека вежбите за издржливост ја спречуваат појавата на главоболки. Истражувањето било направен во Центарот за истражување на главоболки во Глоструп на 60 испитаници кои често страдале од главоболки и уште 30 испитаници кои немале главоболки.

Потоа им била мерена силината на мускулите на вратот и рамената и утврдено е дека во 26% од посилните луѓе немаат главоболки. Со засилување на тие мускули голема е веројатноста дека ќе се намали и зачестеноста на главоболките.

Ова е посебно важно за оние луѓе кои работат канцелариска работа и постојано седат на стол. Препорачливо е секојдневно да ги активирате мускулите на рамената со склекови. Одвојте мал дел од денот и направете неколку склекови. Главоболките значително ќе се намалат.