HomeАНТИСТРЕСЕкимЗа здравјето на Ким Џонг Ун се грижат 130 доктори!

За здравјето на Ким Џонг Ун се грижат 130 доктори!

kim-dzong-un-f1

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун има тим од 130 доктори кои постојано се грижат за неговиот крвен притисок и дијабетис, предизвикани од лошите навики во исхраната. Ким Џонг Ун е познат по тоа што сака да ужива во обилни оброци, обожава добро вино и француско сирење, па од кога дојде на власт тој накачил неколку килограми.

Научникот Ким Хјеонг Су, кој во 2009 година побегнал од Северна Кореа, ја раскажал приказна за Институтот за долговечност, чија единствена цел е грижата околу здравјето на лидерот на таа земја. Научникот работел во таа установа уште додека на чело на таа земја бил Ким Џонг Ил, кој исто така имал проблеми со здравјето.

Според неговите зборови, на проектот работеле 130 истражувачи, а во рамките на Институтот постоел и истражувачки информативен центар во кој се наоѓале дипломати и научници од странски универзитети. Научниците развиле и специјални видови на исхрана за Ким Џонг Ун, за полесно да излезат на крај со неговите кардиоваскуларни проблеми и дијабетисот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com