Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„За заедничка Македонија“ веќе 25 дена протестира во Скопје

„За заедничка Македонија“ веќе 25 дена протестира во Скопје

Протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска по 25 пат се одржуваат во Скопје, а истовремено вакви протести се одржуваат и во други градови во Македонија.

На протестот, како и досега се маршира за зачувување на унитарноста и суверенитетот и против албанската платформа.

Карактеристично за денешниот протест е тоа што може да се забележи зголемено присуство на деца, кои се придружувани од своите родители.
Демонстрантите и денеска, застанувајќи пред претседателската народна канцеларија со аплауз го поздравија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и неговите одлуки.

– Дваесет и петти ден по ред му повторуваме и му порачуваме да не подлегнува под никакви притисоци и тоа ќе го повторуваме се додека треба. Ѓорге Иванов не смее да престане да го брани суверенитетот на Република Македонија. Претседателе, ја имате нашата поддршка, продолжете така како што започнавте, како што цело време работите. Ви благодариме, истакна Богдан Илиевски, кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.