Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа заедничка Македонија прогласи победа – Нема влада со Тиранската платформа

За заедничка Македонија прогласи победа – Нема влада со Тиранската платформа

Иницијатавата За заедничка Македонија која веќе 26 дена ги предводи протестните маршеви за како што велат зачувување на унитарноста денес прогласи победа бидејќи СДСМ иако најавила сеуште не успеала да формира влада во коалиција со ДУИ, БЕСА и Алијансата.

bageriza zaednicka makedonija (2)  bageriza zaednicka makedonija (5) – Заговорниците на Тиранската платформа рекоа дека до 24 март ќе има влада која ќе функционира според овој срамен документ. Денес е 24 март и благодарение на над 200-те илјади граѓаните кои излгоа на улиците За заедничка Македонија, на повеќе од 40 локации, денес во Македонија нема да се формира Тиранска влада, велат од За заедничка Македонија.

bageriza zaednicka makedonija (4)

За заедничка Македонија ги повикаа граѓаните масовно како и досега, така и вечерва да се приклучат на протестот, а порачаа и дека и понатаму ќе победувале.

bageriza zaednicka makedonija (3)

На вечерашниот протест пред Собранието на демонстрантите им се придружија и багеристи кои претходно му изразија поддршка на Сеад Кочан.

bageriza zaednicka makedonija (1)