Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа заедничка Македонија: Нема играње со нас

За заедничка Македонија: Нема играње со нас

Од „За заедничка Македонија“ продолжуваат со борбената реторика и покрај огромните инциденти во Собранието на Република Македонија кога тие упаднаа на најдрзок начин кршејќи бројни закони не се откажуваат од протестите.

„Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира Претседател на Собрание како да бира Претседател на Куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас“, порачуваат од „За заедничка Македонија“.

Демонстрантите од оваа иницијатива не го признаат изборот на новиот собраниски претседател и „бараат институциите да покренат постапка за сите кои се обидоа да извршат Државен удар и вон СИТЕ процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието“, потенцирајќи дека во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии кои си го гледаат својот, а не интересот на граѓаните на Република Македонија.