Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа заедничка Македонија до Иванов – Вие сте бедемот, нема мандат за Тиранска платформа

За заедничка Македонија до Иванов – Вие сте бедемот, нема мандат за Тиранска платформа

На денешниот нов протест на „За заедничка Македонија“ повторно беше истакнато дека Тиранската платформа е голема закана за унитарноста и дека претседателот Иванов мора да го послуша народот кој демонстрира секојдневно.

– Да не попуштате под ниту еден притисок. Нема мандат за Тиранска платформа. Не смеете да му одговарате на незаконски избран претседател на Собранието на Република Македонија. во оваа држава мора да има ред и поредок, мора да се почитуваат законите, мора да го чуваме Уставот, последниот бедем сте вие. Апелираме до вас да продолжите да го правите тоа, се до тогаш ќе ја имате и поддршката од граѓаните, рече Богадан Илиевски од „За заедничка Македонија“.