Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„За заедничка Македонија“ денес ќе протестира пред ВМРО, утре пред СДСМ

„За заедничка Македонија“ денес ќе протестира пред ВМРО, утре пред СДСМ

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ дел од денешните протести ќе ги реализира пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од утрешните пред штабот на СДСМ, најавија членовите на иницијативниот одбор на денешната прес-конференција.

– Денеска на 29 ден од почетокот на нашите протестни маршеви тиранската коалиција на СДСМ сака да почне да ја спроведува платформата која беше потпишана на масата на премиерот на Република Албанија. Затоа во оваа исклучително важна недела ќе ги повториме нашите барања до најголемите политички чинители во Република Македонија по редослед согласно епилогот на последните избори. Денеска се собираме пред Влада, тргнуваме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа се собираме пред Собрание, Утре рутата ќе биде собирање пред Влада, Собрание, па потоа Бихаќка, рече Богдан Илиевски.

Тој рече дека ќе ги потсетат политичките партии што бараат и дека не смеат да гласаат претседател на Собранието кој не ја отфрлил тиранската платформа.