HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа стартот на кампањата Омбудсманот со бесплатен телефон за изборни притисоци

За стартот на кампањата Омбудсманот со бесплатен телефон за изборни притисоци

idzet-memeti-naroden-pravobranitel-04

Од самиот старт на изборната кампања канцеларијата на народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија ќе ги прима сите забелешки на граѓаните за извршени изборни притисоци и потоа ќе постапува по нив.

Омбудсманот апелира до институциите да создадат реални услови за фер и демократски избори, а граѓаните без двоумење да пријават секаква форма на притисок, прекршување на нивните права и прописи, а меѓу другото, тоа можат да го направат и на бесплатната телефонска линија на народниот правобранител: 0800 54321, или, пак, во нивните канцеларии во земјава.

Од таму предупредуваат сите што се на раководни позиции во институциите да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените и да се однесуваат одговорно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com