Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнЗа сите зимурливи луѓе: Совршени ќебиња за ладните денови

За сите зимурливи луѓе: Совршени ќебиња за ладните денови

Се замислувате ли себеси во некој студен, по можност дождлив или снежен ден, се топлите пред печка, пиете топло чајче и сте стуткани во ќебе? Но не обично, туку – џиновско.

kjebe3Креативецот на ова чудотворно парче е 42-годишната Џеки Финк која со помош на големи и дебели игли создава прекривки со поинаква димензија, во различни бои – токму за сечиј вкус.

kjebe1Својот талент брзо го усовршила и со работа и промоции започнала во 2012 година, каде се здобила со многу позитивни критики, успешен бизнис и одење само во нагорна линија.

kjebe6За оваа идеја вели дека буквално ѝ дошла на сон.

kjebe2Освен со помош на големите игли, Џеки практикува и плетење со раце на топли материјали. Ако сте зимурливи и лесно подложни на студениот есенски бран, ова е вистинското решение за вас.

kjebe5