Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО побара притвор на четири лица за „Шамарите“ во Центар, судот не прифати

СЈО побара притвор на четири лица за „Шамарите“ во Центар, судот не прифати

Јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство Гаврил Бубески на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ побара да се издаде наредба за приведување на обвинетите кои не беа присутни на денешната главна расправа, јавува „МКД“. За четворица од отсутните обвинети, судот констатира дека истите за првпат не се јавиле на главна расправа и ја задолжи нивната одбрана во рок од 8 дена да достави оправдување за нивното отсуство.

За едно лице кое по втор пат не присуствува на главна расправа, а истиот е уредно викан, судот издаде наредба за негово присилно доведување на следната главна расправа.

Во однос на влегувањето на дел од обвинетите од службениот влез на судот за присуство на денешната главна расправа, судот информира дека тоа било направено по безбедносните проценки на нивното обезбедување од редовите на МВР.

Главната расправа за овој случај е одложена за 28 јуни затоа што на денешната расправа не беа присутни 5 од обвинетите лица, а со оглед на предвидената санкција, задолжително е присуство на сите обвинети лица, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.