HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа секој кој ќе се покае и сака да го сруши режимот има место во СДСМ

За секој кој ќе се покае и сака да го сруши режимот има место во СДСМ

zoran-zaev

Денеска лидерот на опозицијата одговори на рекциите за коалицијата со Српската напредна странка. Лидерот на СНС, Драгиша Милетиќ предизвика незадоволство во редовите на опозицијата бидејќи Милетиќ го сметаат за предавник на партијата кој му овозможи на Стевче Јакимовски да стане градоначалник со печат на неговата партија изигрувајќи ја опозицијата на локалните избори.

Заев денеска го бранеше Милетиќ дека се покајал и дека неговиот интерес бил „само рушење на режимот”. Според опозицискиот лидер, за коалицијата тој не побарал ниту функционерско место, ниту пак праничко место.

„Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење. Инаку уште еднаш ќе кажам дека овие дебати се повеќе од добредојдени“ – изјави денеска Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com