HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа само три месеци во земјава починале 90 новороденчиња

За само три месеци во земјава починале 90 новороденчиња

bebe

За само три месеци, односно во третото тримесечие оваа година умреле 90 доенчиња, објави денес Државниот завод за статистика. Во истиот период лани починале 39 бебиња, што значи дека во периодот јули-септември годинава има над два пати повеќе умрени доенчиња во однос на истиот период лани. Според податоците од Државниот завод за статистика, за девет месеци оваа година починале 18 бебиња повеќе во однос на цела 2015. Така, во првото тромесечие од 2016 починале 61 бебе, во второто тромесечие 55 бебиња и вкупно овие девет месеци од годината умреле 206 бебиња. Лани, вкупниот број на умрени доенчиња бил 188.

Според статистичките податоци, најмногу умрени бебиња во третото тромесечие од оваа година има во Скопје, односно 31, и тоа 6 во Центар, 5 во Ѓорче Петров, по 4 во Аеродром, Карпош и Сарај, по две во Сарај, Кисела Вода и Шуто Оризари и по едно во Бутел и Гази Баба. По Скопје, според бројот на умрени бебиња следи Куманово, каде има 7 починати доенчиња.

Дел од проблемот за високата смртност на бебињата беше лоциран и во тоа што нема доволно матични гинеколози во земјава и дека голем број жени во текот на бременоста воопшто не одат на гинеколог. Иако Владата со години се фали со инвестиции во здравството, на дело состојбата станува се полоша и бројот на смртни случаи се зголемува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com