Friday, Apr 19, 2024
HomeUncategorizedЗа само една улога Роберт Дауни Џуниор заработи 80 милиони долари

За само една улога Роберт Дауни Џуниор заработи 80 милиони долари

Роберт Дауни Џуниор повторно е најплатениот актер на планетата со рекордна заработка од дури 80 милиони долари за само една улога и тоа во новото пролжение Avengers: Age of Ultron каде по петти пат се појавува како суперхеројот Iron Man. Ако продолжи вака ќе биде исто богат како и ликот кој го толкува, ексцентричниот милијардер Тони Старк.

Marvel во овој период навистина не може без главната ѕвезда која го започна целиот проект со Iron Man и оттогаш е незаменлив. Avengers: Age of Ultron се еден од најпрофитaбилните филмови оваа сезона со глобална заработка од 1 милијарди долари. За споредба Скарлет Јохансон во истата франшиза Avengers: Age of Ultron заработи само 10 милиони долари, но и со тој приход е една од најбогатите актерки.

Marvel продолжува со силно темпо на филмски премиери, следно не очекува Ant Man со Пол Рад во главната улога, потоа следи големиот спектакл на судирот меѓу Iron Man против Captain America, а големото финале за оваа генерација на херои ќе кулуминира во 2018-та со Avengers: infinity Wars.