HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа само 9 месеци повеќе од 3000 новозаболени од рак, најмладиот пациент има 17 години

За само 9 месеци повеќе од 3000 новозаболени од рак, најмладиот пациент има 17 години

Повеќе од 3.000 новозаболени од рак се регистрирани само на скопската Клиника за онколгија и радиотерапија за овие девет месеци заклучно со 1 октомври, 2016 година, со што се очекува до крајот на годината оваа бројка да достигне над 4.000 нови случаи, објавува „Фокус“. Во оваа бројка не влегуваат пациентите кои што се лекуваат во други јавни здравствени установи и во приватните болници.

– Можеме да кажеме дека според досегашните медицински истории што ги имаме на клиниката заклучно со 1 октомври се регистрирани 3.210 новозаболени пациенти. Се очекува таа бројка до крајот на годината уште повеќе да се зголеми – информираат од клиниката за „Фокус“.

Најмладите пациенти кои можат да се најдат на скопската Клиника за онкологија се од 17 години нагоре, со оглед на тоа што помладите и бебињата се хоспитализираат на Детската клиника.

Статистичките податоци од клиниката уште покажуваат дека заклучно со 1 октомври, оваа година, за само девет месеци починале 72 пациенти, додека лани за цела година починале 62 пациенти, а во 2014 година 76 заболени од рак.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com