Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗа разлика од Меркел, Путин ги развеселува децата

За разлика од Меркел, Путин ги развеселува децата

За разлика од Меркел која расплака мало девојче, Путин израдува едно дете. Малата Даша Јаицкаја од Киргистан го прашала дали може да ѝ го подари саканото куче преку мејл, на годишната директна линија за комуникација на јавноста со Путин на 16 април 2015.

Даша добила 6-месечен Њуфаундлендер од рускиот претседател Владимир Путин. Даша му пишала на претседателот дека сака куче токму од таа раса. Немало ниту едно во цел Киргистан, и било невозможно за нејзиното семејство да донесе вакво куче од странство. „Тоа е точно! Добивме писмо адресирано до претседателот до девојчето, велејќи дека нејзиното семејство не може да си дозволи да го донесе кучето од странство“, рекол портпаролот на претседателот, Димитри Песков, за ТАСС.