Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗа прв пат по половина век: Полета патнички авион од САД до Куба

За прв пат по половина век: Полета патнички авион од САД до Куба

Првиот комерцијален лет меѓу САД и Куба, по повеќе од половина век, денеска полета од „Форт Лудердал“ на Флорода до „Санта Клара“ на Куба, со што повторно е воспоставен редовниот авионски сообраќај кој беше прекинат за време на Студената војна.

Со летот кој трае околу 75 минути, ќе биде почната новата ера на САД-Куба патувањата, со повеќе од 400 летови неделно и ќе биде укинато ембаргото меѓу овие две земји, како и забраната за туристички патувања на Американците на Куба.

Се очекува во текот на оваа година Американците на Куба да остварат повеќе од 300.000 посети, а Куба од тоа очекува голема заработка.

Повторното започнување на комерцијални патувања меѓу овие две земји е едно од најголемите достигнувања на американскиот претседател Барак Обама за време на неговиот мандат.