HomeДЕНЕШНАСветЗа прв пат агенти на ЦИА се осомничени за воени злосторства во Авганистан

За прв пат агенти на ЦИА се осомничени за воени злосторства во Авганистан

cia-avgan

Американската армија и ЦИА можеби извршиле воени злосторства во Авганистан при сослушување затвореници во периодот меѓу 2003 и 2014 година, изјави главниот обвинител на МКС, Фатоу Бенсоуда.

Претставувајќи резултати од прелиминарна истрага за злосторства во Авганистан таа рече дека се чини оти талибанците, авганистанската армија и американските сили како и ЦИА, извршиле воени злосторства.

Тоа е првпат да се изнесуваат наводи за „воени злосторства со измачување и злоставување од страна на американската армија во Авганистан како и во тајни затвори на ЦИА“.

– Постои разумна основа да се верува дека за време на сослушување на тие притвореници…припадници на американските оружени сили и на ЦИА,применувале техники кои може да се изедначат со воени злосторства и тортура, силување, што претставува атак врз личното достоинство, изјави Бенсоуда.

Воените злосторства кои наводно ги направиле американските сили „не се изолирани случаи на неколкумина“, нагласи таа. Според неа, тие биле дел од политика со цел собирање информации со примена на техники на сослушување со насилни методи.

Таа вели дека најмалку 61 затвореник бил предмет на „измачување и насилно постапување“ од страна на американската армија во Авганистан од 1 мај 2003 до 31 декември 2014 година.

– Припадници на ЦИА изгледа изложиле на измачување најмалку 27 луѓе на територијата на Авганистан, како и во Полска, Романија и Литванија во периодот од декември 2002 до март 2008 година, наведе хашката обвинителка.

За време на поднесување годишен извештај, Бенсоуда рече дека неминовно ќе одлучи дали ќе бара од судиите дозвола за покренување целосна истрага. Ако тоа биде направено, тоа ќе биде една од најсложените и контроверзни истраги досега, јавија француски медиуми. Иако САД не го ратификувале Римскиот статут на судот, таква истрага за првпат ќе ја изложи американската армија на истрага на Меѓународниот кривичен суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com