За пример: Градоначалникот на Загреб сака градот секогаш да му е чист
Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ рано наутро, во четири часот ги чистел улиците на главниот град на Хрватска. Акцијата почнала рано наутро, а била организирана бидејќи градоначалникот бил незадоволен од улиците кои според него биле многу валкани.
Чистењето на улиците под водство на Бандиќ почнало од плоштадот Бан Јелачиќ и продолжило до Прашката улица. Тој им се придружил на работниците, го зел шмркот и им покажал како треба да се чистат улиците.
– Улиците треба да бидат чисти, да се лиже од нив – прокоментирал Бандиќ во свој стил.