Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗа поголема безбедност само со 30 низ Дебар Маало

За поголема безбедност само со 30 низ Дебар Маало

Општина Центар ќе воведе ново сообраќајно правило на територија на активната населба Дебар Маало каде ќе може да се вози со ограничување на брзината на 30 километри на час со што е предвидено да се подобри безбедноста во сообраќајот, а ќе се добие и поголем мир низ улиците. Оваа мерка е предвидена со проектот „Зона на мирен сообраќај“ што го спроведува општина Центар.