Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа погодените региони парична помош од 500 евра

За погодените региони парична помош од 500 евра

По големото невреме кое го погоди Тетовскиот регион и излевањето на Пена одлучено е да им се даде еднократна парична помош од 500 евра. Исто така понатаму ќе се врши проценка за штетите на куќите, имотите и земјоделските посеви, за можна исплата на дополнителни штети и државна помош.

poplava10novo

Покрај централната власт која беше присутна на терен, се постави и прашање до општина Тетово за можна одговорност со нередовно чистење на каналите на реките и трупање на смет. Теута Арифи, градночалничката на Тетово изјави дека не бегаат од одговорност, но невремето било пресилно, што е и над можностите на каналите на Пена и останатите тетовски реки.

poplava14novo

Помош во средства, механизација и персонал испратија повеќе единици на локалната управа за помош на Тетово, а самите граѓани веќе се организираат за собирање на донации и хуманитарна помош.