Wednesday, Jun 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа пијаните доктори ќе одлучува Судот на честа на Лекарската комора

За пијаните доктори ќе одлучува Судот на честа на Лекарската комора

Судот на честа при Лекарската комора на Македонија соопшти дека започнува постапка за утврдување на морална и директна одговорност кај анестиолозите од Општата болница во Гевгелија. При оперативниот зафат во кој учествувале се утврди дека биле под дејство на алкохол, а исходот беше трагичен со смрт на родилка и нејзиното бебе.

lekarska komora

Ова тело ќе треба да донесе одлука дали на анестезиолозите привремено или трајно ќе им биде одземена лекарската лиценца, а за носењето на таа одлука ќе треба да се разгледаат сите докази и извештаи, па до сите надлежни институции веќе има испратено писмен допис за нивно обезбедување. Предметот мора да биде расветлен докрај и откако ќе биде донесе одлука јавноста ќе биде информирана.