Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЗа ова НЕ зборувајте на првиот состанок

За ова НЕ зборувајте на првиот состанок

Првиот впечаток кој го оставате е многу важен, особено доколку некое момче многу ви се допаѓа. Доколку заведувањето не ви е јака страна, барем запаметете кои теми не треба да ги отварате пред него

“Мојот бивши,,

Никако не раскажувајте за претходната врска, со објаснување за неговите навики и вашето незадоволство во врската нема да добиете ништо, само ќе го одбиете од себе потенцијалното момче. Доколку започнете врска, откако ќе го запознаете добро можете да споделите некое претходно искуство, но никако на првиот состанок.

 ,,Не сакам ништо сериозно”

Запрашајте се дали навистина е така? Доколку подоцна посакате врзување после оваа реченица најверојатно сте ја уништиле таа шанса. Обидете се да останете воздржани во врска со тоа прашање, за да имате можност да одлучите подоцна

FD 2

,,Го мразам мојот шеф и многу ме нервира”

Доколку уште на првиот состанок успеете да се пожалите на шефот веќе е запалено црвено светло! Доколку почнете со жалење нема да престанете и ќе покажете голема нервоза. Сосема е во ред да кажете само дека не сте задоволни од работата и дека сте во потрага по нова.

Зошто си се уште сингл?

Да бидеме искрени, тоа е исто како да прашате ,,Што точно не е во ред со тебе штом си сам?” Доколку мора да прашате направете го тоа со комплимент – ,,Како толку шармантно момче да нема девојка”