Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманЗа оние кои постат- крем коцки со компири

За оние кои постат- крем коцки со компири

Оние кои се одлучни до крај да го „истераат“ својот велигденски пост секојдневно се лимитирани со посебен режим на исхана и не можат толку лесно да се препуштат на слатките задоволства.

За тоа еве еден лесен и вкусен рецепт кој не бара многу време за спремање, а со кој нема да го прекршите велигденскиот пост.

За подлогата, компирот убаво измијте го и сварете го со лушпа. Откако ќе се излади излупете го и изгмечете го со вилушка.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Потоа додадете ги компирот, кокосот и ванилата и се убаво изматете.
Смесата е мека и лесно се обликува со раце. Меѓу две парчиња хартија за печење расукајте ја со дебелина околу 1 см, отприлика 20х25 см. Исечете парчиња 5х5 см и ставете ги во фрижидер.

За кремот, компирите излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги во несолена вода. Кога ќе бидат варени исцедете ги и испасирајте ги со алатка за пире. Додека е смесата топла ставете го и чоколадото исечкано на мали делчиња за да се растопи и оставете ја смесата да се излади.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ја смесата со компир и чоколадо, мелените ореви и румот и сето убаво изматете го со миксер.

Со готовиот крем филувајте ги коцките и декорирајте со малку кокос.

Пријатен апетит!