Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа огревно дрво да се аплицира до март, повикаа од Македонски шуми

За огревно дрво да се аплицира до март, повикаа од Македонски шуми

Јавното претпријатие Македонски шуми ги повикува физичките лица до 15 март да поднесат барање за купување на огревно дрво за да се снабдат за наредната грејна сезона и на овој начин да се осигура дека секој кој е заинтересиран навреме ќе биде снабден со дрва за огрев.drva za ogrevВо повиокот на Македонски шуми наведено е дека граѓаните кои спаѓаат во групата на социјален ризик од различен основ ќе може да склучат договор на 8 рати со тоа што првата рата треба да ја платат веднаш, а испораката на дрвата ќе започне откако ќе се исплати половина од количината.

Истото важи и пензионерите, инвалидите, стечајците, семејствата на загинатите бранители, деца без родители и други ранливи категории со тоа што тие мора да приложат соодветен документ за нивниот статус.drvo-ogrevСите останати граѓани кои не спаѓаат во овие категории може да склучат договор на пет рати, со тоа што дрвата ќе им бидат испорачани откако ќе ја исплатат целата сума. Апликациите за склучување договор може да се поднесат во сите подружници на Македонски шуми, а по истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.