Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа новинарите нема место во судницата за „Диво насеље“

За новинарите нема место во судницата за „Диво насеље“

Новинарите кои известуваат од судските рочишта денес го бојкотираат Основниот суд во Скопје бидејќи не им се овозможени соодветни услови за да ја извршат професионалната задача. Од овластените лица им било посочено дека во салата каде се води новото рочиште за случајот „Диво Насеље“ нема доволно место и од безбедносни причини може да влезат само неколку новинари, по што колегијално е одлучено да се бојкотира судот. Настанот ќе го следат само снимателите и фоторепортерите. Денеска исказ треба да дадат повеќемина сведоци за Кумановската битка на 9 и 10 мај минатата година.