Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗа момчето кое го загуби животот на „Илинденска“ возејќи велосипед – собир на групата НаТочак

За момчето кое го загуби животот на „Илинденска“ возејќи велосипед – собир на групата НаТочак

Неформалната група НаТочак реши да ѝ се обрати на јавноста, изразувајќи сочувство за 13-годишното момче кое вчеравечер го загуби животот на булеварот „Илинденска“. Во негова чест, денес во 18 часот пред фонтатана во Градски парк ќе се организира собир. Замолија за апел до сите возачи да внимаваат на брзината со која го управуваат возилото за да не згаснуваат невини животи, посебно оние детските.

„Би сакале да изразиме сочувство до семејството на детето на велосипед, невина жртва на една автомобило-центрична култура. Свесни сме дека ништо не може да ја надомести нивната загуба, но исто така свесни сме дека е потребно да преземеме сериозни чекори како општество за да нема толку жртви по улиците.
Многу градови и земји спроведуваат Визија Нула за нула жртви во сообраќајот. Каква визија имаш ти Скопје и Македонијо?

velosipedСвесни сме дека за да се спроведе Визија Нула е потребно целосно менување на инфраструктурата и културата во корист на ранливите, а тоа не е лесно во општество каде автомобилот е центар на сите планови и политики, но не постои друг начин кој дал резултати и тоа мора да го направиме!
Се надеваме дека надлежните ќе станат свесни колку насушно ни се потребни промени во пристапот, пред жртвите да станат секојдневна вест.
Спремаме допис со наши барања за она што сметаме дека е важно да се преземе.

А денес (сабота, 19.09) ве повикуваме сите на точак или пешки да дојдете во 18:00 на Фонтана, Градски Парк да изразиме сочувство за изгубениот млад живот и да изразиме револт за непреземањето сериозни мерки за заштита на ранливите.

Стоп за брзото и невнимателно возење кое е еднакво на обид за убиство! Стоп за нерамноправниот третман на пешаците и велосипедистите и од градот, од планерите, од полицијата, од возачите, од сите!

Почивај во мир, детенце.“

Извор: https://www.facebook.com/NaTochak/posts/904730919594721