Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиуми„За медиумските работи“ – регионална конференција

„За медиумските работи“ – регионална конференција

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници утре во хотел Холидеј Ин, во 10 часот, организира конференција „За медиумските работи“. Поздравно обраќање ќе одржат Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет и претседателот на ЕФН, Могенс Блишер – Бјерегард.

На конференцијата, министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски ќе се осврне кон актуелните предизвици на министерството во однос на синдикализмот. За состојбите на синдикатите, новинарите и медиумите ќе говорат Тамара Чаусидис (претседателка на ССНМ), Дејан Глигориевиќ (претседател на Синдикатот на новинари на Србија) и Јасмина Поповиќ (Синдикат на новинари на Хрватска).

На конференцијата ќе бидат претставени – нацрт колективниот договор и Стратегијата за лобирање на ССНМ. Поканети се новинари и медиумски работници да го проследат настанот. Настанот е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.