Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа Каракамишева е дегутантно да се зборува за насилство, но сепак Заев бил крив

За Каракамишева е дегутантно да се зборува за насилство, но сепак Заев бил крив

Каракамишева како и секогаш, во првите борбени редови кога треба да се бранат неодбранливите потези на ВМРО ДПМНЕ. На Нова Тв, Каракамишева вели дека е дегутантно да се зборува за насилство. За професорката ова не било насилство. Малку подоцна таа се демантираше себе, па кажа дека дивеењето на подржувачите на ВМРО во Собранието, било предизвикано од СДСМ. За Каракамишева, однесувањето на народот било оправдано. Според неа, СДСМ погрешно ја разбрале демократијата.

Чудно е како Каракамишева и нејзините пријатели од владиниот мегафон зборуваат за демократија, а поддржуваат насилство во Собранието и кршење на инвентарот платен со пари на граѓаните.

Провладиниот мегафон, во немоќ да го одбрани насилството, шири пропаганда дека обезбедувањето на СДСМ вадело пиштоли.

Очигледно професорката и „колегите“ до тој степен ја понижуваат и омаловажуваат македонската јавност, што немаат доблест ниту да ги пренесат фактите за насилството и дивјаштвото на кое денеска сведочеше напатениов народ.