HomeДЕНЕШНАРегионЗа Хрватска и Косово неприфатлив предлогот за заеднички ден на сеќавање на жртвите

За Хрватска и Косово неприфатлив предлогот за заеднички ден на сеќавање на жртвите

Предлогот на Вучиќ, да се воведе заеднички ден на сеќавање на сите жртви, сосема очекувано беше одбиен од Хрватска и Косово. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ го отфрли предлогот на српскиот премиер. „Со должна почит и сочувство, ниту ние некому му ги припишуваме прославите и тагувањата, ниту, пак, некој може нам да ни ги припишува“, порача Милановиќ.

И косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, ја оцени како „неприфатлива“ идејата на српкиот премиер.
– Таквата идеја претставува релативизација и повторно пишување на историјата. Не можеме да ги изедначиме оние кои поттикнуваа, организираа и извршија геноцид, со оние кои ги бранеа своите домови. Тоа не е ниту чивечки, ниту пак придонесува за помирување -изјави Тачи.

Според него, помирувањето на просторот на поранешна Југославија треба да биде во служба на иднината, а не да се користи за „дневна политика и за создавање медиумски спектакл“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com