Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗа февруарските поплави Струмичани сега ќе добијат оштети

За февруарските поплави Струмичани сега ќе добијат оштети

Струмичкиот регион беше еден од најпогодените во големите февруарски поплави и особено тешки штети претрпеа земјоделците чии посеви беа уништени, а големата количина на води ги одложи и пролетните сеидби. Проценката на штетите беше извршена од локалната комисија уште во јули, а дури сега ќе бидат исплатени средствата од страна на Владата.

Добрата вест ја соопшти вицепремиерот за економија Зоран Ставревски и даде ветување дека средствата ќе им бидат префрлени на околу 400 баратели до 15 септември. Претходно обештетени беа погодени од поплавите во Пелагоднискиот регион, а понатаму ќе се врши исплата и во друите региони.