Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗа бизнис иновациите поддршка од Прокредит со 10 милиони евра

За бизнис иновациите поддршка од Прокредит со 10 милиони евра

Прокредит банка најави нова кредитна линија вредна околу 10 милиони евра која ќе им биде достапна на македонските претприемачи за финансирање на нивните иновативни идеи со кои би ја зголемиле конкуренцијата и растот.

fond za inovacii

„Како единствена специјализирана банка за мали и средни претпријатија сакаме да ги поддржиме претприемачите кои имаат одржлива и иновативна идеја. Знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Ние сме клучен партнер на бизнисите во ваквите инвестиции. Очекуваме овие средства да бидат значајна поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират на странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи“, велат од Прокредит банка.

Прокредит банка за оваа цел потпиша договор со Европскиот инвестициски фонд и ќе ги кредитира малите и средните претпријатија.