Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа бал се потребни четворица – Условите на СДСМ ја одложија Виена

За бал се потребни четворица – Условите на СДСМ ја одложија Виена

Најавените преговори во Виена кои ги иницираше еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најверојатно ќе се одложат бидејќи условите кои ги наметна СДСМ како итна оставка на Иванов, повлекување на одлуката за аболиција и одложување на изборите нема да се исполнат.

Токму затоа и средбата во Виена би немале смисла ако присуствуваат само ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Условите на СДСМ се наметнати бидејќи претседателот Иванов еднострано го уништи договорот од Пржино, додека пак владата не направи сериозни напори да ги реализира последниот пакет на реформи кои требаше да водат кон создавање на атмосфера за фер и демократски избори.

Исто така СДСМ е задоволна од текот на протестите кои се граѓански и се раширија низ цела Македонија, па затоа било каков компромис направен утре може да го компромитира ова движење.