Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦ„Youtube“ лансираше сопствена социјална мрежа

„Youtube“ лансираше сопствена социјална мрежа

Неодамна веста околу социјалната мрежа „Youtube“ се појави на интернет, а сега тоа е и официјално- „Youtube“, покрај платформа за претставување на видео-записи, стана и самостојна социјална мрежа. Каналите на „Youtube“ оваа недела добија опција „Community“ со помош на која корисниците ќе можат да разменуваат пораки со оние кои ги следат. Новоста е во тоа што не е неопходно да се објави видео-запис, туку комуникацијата е секако овозможена, како преку секоја постоечка социјална мрежа.

Ова веројатно ќе влијае на тоа да до сега многу популарната опција „Announcemenet“ падне во заборав, со чија помош корисниците на „Youtube“ ги известуваа своите обожаватели за новостите на својот канал. Новата опција „Community“ исто така би можела да ги охрабри корисниците на „Youtube“ почесто да комуницираат со лицата кои ги следат.