Monday, Sep 25, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонYahoo LiveText ќе ви помогне да се допишувате во живо

Yahoo LiveText ќе ви помогне да се допишувате во живо

Yahoo со новата апликација LiveText има нов концепт на испраќање на пораки и допишување со можност во живо да го гледате вашиот соговорник, а видето ќе нема тон, што значи дека ќе останете со текстуалните пораки, но барем ќе може директно да ги видите неговите реакции.

Корисниците премногу трошат време во објаснување на одредени емоции или акции, па на овој начин би требало полесно да комуницираат, речиси исто како да се еден пред друг. LiveText засега е достапна во бета фаза само во одредени региони, а наскоро се очекува глобалниот пласман на Android и iOS.

Извори: telefoni.mk