Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаYahoo ќе отпушти уште 3000 вработени

Yahoo ќе отпушти уште 3000 вработени

Yahoo наскоро ќе има нов сопственик. Победникот во битката која трае со месеци, за стекнување на основниот бизнис на компанијата, ќе биде исправен пред тешката задача да ја издигне повторно компанијата. А таа е оптоварена со едни од највисоките трошоци – оние во технолошкиот сектор.

Сега Yahoo успева да истисне многу помалку продажба од секој вработен и нејзините главни услуги се на аукција, откако не можеше да се справи со конкуренцијата на најбрзо растечка индустрија. Инаку за преземање на интернет пребарувачот се заинтересирани телекомите Verizon и AT&T, како и приватниот фонд TPG Capital.

Alphabet, сестринска фирма на Google освоила 315 948 долари од продажбата на секој вработен во првата четвртина, додека кај Facebook оваа сума е речиси 400 000 долари. За разлика од двете најуспешни компании во Yahoo износот од склучените договори за продажба на вработен е само 116 000 долари.

По сериозниот пад на продажбата кратенката на вработени е најочигледното решение за следниот сопственик на компанијата. Аналитичарите предвидуваат дека Yahoo ќе се намали за уште 3000 позиции, иако сегашниот извршен директор Мариса Мајер веќе скрати 1/3 од персоналот.