HomeГИГА БАЈТПЦXiaomi ќе дебитира на CES 2017

Xiaomi ќе дебитира на CES 2017

xiaomi-ces-2017530x290_231116_204425

Xiaomi е еден од најпознатите производители на смартфони во светот. Меѓутоа оваа компанија досега нема учествувано на можеби најголемиот саем за мобилни телефони и технологија, CES – Consumer Electronics Show.

Како и секоја година, CES се одржува на почетокот од годината, а своето учество за 2017 Xiaomi го најави преку Twitter.

Заедно со најавата за учество, од компанијата најавија и претставување на целосно нив производ, достапен во целиот свет. Потоа прашуваат дали можеме да погодиме што ќе биде тоа.

Со оглед на фактот што го употребуваат терминот целосно нов производ, сметаме дека не би требало да се работи за телефон, туку за нешто различно, ВР уред, на пример.

Учеството на Xiaomi на CES дефинитивно ќе го направи целиот настан уште поинтересен. Идната година очекуваме настанот да биде насочен кон мобилните уреди, нели, но и кон претставувањето на уреди за виртуелна реалност.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com