HomeДЕНЕШНАЕкономија„Wizz Air“ со нова тридневна промоција

„Wizz Air“ со нова тридневна промоција

Wizz Air, најголемата нискобуџетна компанија во Централна и Источна Европа, денес лансира тридневна промоција за сите предрезервации на чекиран багаж букиран преку wizzair.com или преку мобилната апликација на WizzAir. Секоја такса на пријавен багаж ќе биде редуцирана за 33% следните три дена, од 5ти Август до 7ми Август заклучно полноќ. Попустот исто така се однесува на секој багаж што е додаден на веќе постоечките букирања за време на овие денови.

Со цел да им се помогне на клиентите да заштедат пари, овозможувајќи им да се прилагодат и да ја направат нивната резервација плаќајки само за ставки кои им се потребни, WizzAir нуди опција за две чекирани торби со тежина од 23 и 32 кг.

За време на промоцијата, чекиран багаж може да се додаде на резервацијата на минимална цена од 10 евра. Надоместоците се одредуваат од маршрутата.

Клиентите можат лесно да ја пресметаат точната сума, користејќи го калкулаторот на авиокомпанијата на wizzair.com: https://wizzair.com/en-GB/wizzbaggagefeecalculator.

* Попустот од 33% се однесува на такса за чекиран багаж ако го додадете на постоечките или нови резервации преку wizzair.com, m.wizzair.com или мобилната апликација на Wizz најмалку три (3) часа пред закажаното време на поаѓање. Понудата важи за чекиран багаж кој се додава на 5-7 август за летови Wizz Air Унгарија. Дополнителни информации на wizzair.com.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com