HomeГИГА БАЈТ„WhatsApp“ го оневозможи игнорирањето на другите корисници

„WhatsApp“ го оневозможи игнорирањето на другите корисници

„WhatsApp“ претстави нова опција која ќе го отежни игнорирањето на пораките во групните конверзации. Од неодамна беше воведена можност за директно означување на корисниците кои се вклучени во разговорот. Како кај Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи, користењето на симболот @ за означување некој значи дека тоа лице ќе биде предупредено во порака, дури и доколку нотификацијата за таа конверзација е ставена на нечујно.

votsap-f1

Иако на многумина новата опција само ќе им смета, таа има и практична намена. Кога се зема во предвид дека „WhatsApp“ овозможува размена на пораки меѓу дури 256 корисници во група, тешко е да се прочитат сите пораки и да се знае дали лицето со кое сте си пишувале ја прочитало вашата порака.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com