HomeГИГА БАЈТСмартфон„WhatsApp“ воведува реклами

„WhatsApp“ воведува реклами

„WhatsApp“ соопшти дека ќе започне во поголема мерка да разменува податоци со „Фејсбук“, како и тоа дека ќе им овозможи на поединечни компании да и испратат пораки на корисниците на таа апликација. Апликацијата „WhatsApp“ за прв пат ги промени условите за приватност откако беше преземена од страна на „Фејсбук“ во 2014 година.

„WhatsApp“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе овозможи пристап на броевите од телефоните на корисниците, кои ќе ги употреби за сугестии на пријателите, но и за реклами. Како што е соопштено, „Фејсбук“, користејќи ги податоците, за пријателите на социјалните мрежи ќе ги предложува на лицата кои си ги размениле броевите на мобилниот телефон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com