Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВжештена ситуацијата помеѓу демонстрантите и полицијата во Дијарбекир

Вжештена ситуацијата помеѓу демонстрантите и полицијата во Дијарбекир

Турскиот град Дијарбекир вчера беше жртва на жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, соопштуваат од ТАСС.

Револтот на демонстрантите беше проследен со запалени канти за ѓубре, напад врз полицајците со камења и шишиња со запаллива материја, се со цел да го изразат револтот и огромното незадоволство за терористичкиот напад во градот Суруч.

Мобилизирани се поголем број на дополнителни единици од специјалци и оклопна техника, а нужна била потребата на солзавец и водени топови врз предизвикувачите на нередите. Локалните медиуми извстуваат дека состојбата полека се враќа во нормала.